Кејн најскап фудбалер во светот, Роналдо го нема ни во Топ 20


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн со 201,2 милиони евра во моментов е најскапиот фудбалер на светот според анкетата на реномираната фудбалска опсерваторија на Меѓународниот центар за спорт студии (CIES).

ЦИЕС вредноста на играчите ја одредува според возраста, лигата, репрезентацијата и договорот со клубот.
Кејн се наоѓа на врвот, пред тандемот на Пари Сен Жермен, Нејмар и Килијан Мбапе кои се проценети на 197,5 и 186, 5 милиони евра.

На четвртото место на оваа листа е Лионел Меси со 184,2 милиони евра, а после него е Мохамед Салах од Ливерпул (171,3). По нив следуваат Деле Али од Тотенхем (171), Кевин Де Бруин од Манчестер Сити (167,2), Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Изненадување е пласманот на Кристиано Роналдо, официјално најдобриот играч во светот. Португалецот од Реал Мадрид е на 24. место со проценета од „само“ 103.4 милиони евра.