Продаваше вода од виршли и докажа дека луѓето се будали


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уметник од Ванкувер на луѓето им продаваше „хот-дог вода“ и тоа за цена од 38 долари за шишенце, со цел да докаже дека сите луѓе се спремни да го купат нештото ако тоа им го презентирате како нешто здраво.

Даглас Биванс вели дека сварил околу 100 парчиња органски виршли и водата во која се вареле ја тури во шишенца кои подоцна ги продаваше на еден фестивал. Едно шишенце нефилтрирана вода го продаваше за 40-тина долари, додека две шишенца чинеа „само“ 76 долари, поради неговата посебна понуда на неделата.

На луѓето им ветуваше зголемување на мозочните функции, губење на телесната тежина и подмладен изглед. И додека едни се смееја на ваквиот производ, други беа толку импресионирани од „здравствените бенефиции“ кои ги нуди истиот, што купуваа спреј за тело и освежувач за здив од „хот-дог вода“.

Биванс, кој инаку работи како патнички агент и уметник, вели дека на оваа идеја дошол размислувајќи колку во суштина е смешен маркетингот за некои производи за здравје, па се досетил: „Се кладам дека би можел да продавам вода од виршли“.

„Ние со ова, всушност, им помагаме на луѓето охрабрувајќи ги да носат одлуки врз основа на точни и вистински информации. Тоа е пораката зад овој експеримент“, вели Даглас, кој на фестивалот, верувале или не, продаде околу 600 литри вода од виршли.