Home Актуелно Приведени осомничени за нападот врз екипата на А1он во Скопје

Приведени осомничени за нападот врз екипата на А1он во Скопје

Министерството за внатрешни работи, како што јавуваат дел од домашните медиуми, потврдило дека имало приведени лица за нападот врз екипа на А1он за време на синоќешниот протест во Скопје организиран од граѓанската иницијатива За заедничка Македонија.

Учесници на протестот вечерва ја нападнале екипата на А1 он пред Триумфалната капија, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите. Снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски поради повредите биле префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Инцидентот го осудија Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…