Приведен Јанко Бачев


Викендов дерби, до дерби - се враќа клубскиот фудбал! ↓↓↓



Првиот човек на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, денес бил приведен и однесен на информативен разговор во полиција, пренесуваат од неговата партија на нивната официјална Фејсбук страна, пренесува Фокус.

„Во моментот претседателот бачев е приведен од страна на полицијата за време на одење во партискиот штаб на Единствена македонија пред оддржување на редовниот состанок на Македонија блокира. Не знаеме во која полициска станица е одведен“, пренесуваат на Фејсбук од партијата.

Бачев, наводно, бил повикан на информативен разговор поради закана објавена на фејсбук.