Принцот Чарлс заразен со коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Резултатите од испитувањата покажаа дека британскиот принц Чарлс е позитивен на коронавирус, додека неговата сопруга Камила има негативен резултат од брисот за заразеност од истиот.

Принцот од Велс има благи симптоми и е во добра здравствена состојба, се вели во изјавата на Кларенс хаус. Не е познато како 71-годишникот се заразил со вирусот поради неговиот исполнет распоред со јавни настани во последните неколку недели.

Кралицата последен пат го видела синот на 12 март. Извор од кралската палата соопшти дека Чарлс можел да биде заразен еден ден подоцна, пренесува Ројтерс.

„Кралицата е во добра здравствена состојба. Таа последен пат го виде принцот од Велс на 12 март“, соопшти палатата.

Кралицата и нејзиниот сопруг Филип го напуштија Лондон на 19 март и оттогаш престојуваат во замокот Виндзор.

Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, е тестирана и не е заразена. Чарлс и сопругата Камила сега се во самоизолација во дворецот Балморал.