Home Спорт Причина е бремената девојка – Реал на чекор до потпис со голема ѕвезда!

Причина е бремената девојка – Реал на чекор до потпис со голема ѕвезда!

Девојката на Тибо Куртоа, Марта Домингез би можела доста да влијае на неговата иднина кога е кариерата во прашање. Имено, таа се пресели во Мадрид каде очекува второ дете од белгискиот голман.

Тоа покрена лавина на шпекулации во белгиските и англиските медиуми – кои тврдат дека поради ваквиот потег на девојакта, Куртоа ќе ја прифати понудата на Реал и ќе се пресели во Мадрид.

Со оглед на фактот што Реал е во потрага по квалитетен голман, Куртоа им е прва и најголема желба веќе подолго време. Па родителството и девојката се доволна причина Белгиецот да се пресели во Мадрид и кариерата да ја продолжи на „Сантиаго Бернабеу“.

Познато е дека Куртоа неколку години ги помина во Мадрид, кога беше голман на Атлетико, но играше како позајмен фудбалер на Челзи чие раководство одлучи да го врати во Лондон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…