Home Вебкафе Пред очите на продавачот му ја украде луксузната Корвета (снимка)

Пред очите на продавачот му ја украде луксузната Корвета (снимка)

Oва е веројатно најлошиот кошмар на продавачот на автомобили. Додека ја покажувал Корветата на заинтересиран клиент по тест возењето, клиентот одлучил да остане седнат во автомобилот, ја заклучил вратата и исчезнал од салонот. На сето ова сведок бил колега кој ја снимил оваа, благо речено, невообичаена ситуација.

Добрата вест е дека автомобилот брзо бил вратен во изложбениот салон на Шевролет во Вирџинија. Имено, непослушниот „купувач“ возел низ неколку населби и потоа се откажал, оставајќи го автомобилот покрај патот. Други извори велат дека бил запрен од полицијата по неколку блокади.

Corvette C8 е еден од најбараните нови автомобили на американскиот пазар. И покрај високата цена, списоците на чекање стануваат се` подолги, и се бара секоја можност да се дојде во сопственост на автомобилот. Барем некое време, бидејќи 6.2 V8 со 500 КС е едноставно неодолив, особено во пакувањето кога стигнува до стотка за околу 3 секунди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …