Пред неколку месеци испиша историја – сега доби отказ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот англиски шампион Лестер се раздели со тренерот Клаудио Раниери, човекот кој пред девет месеци на клубот му ја донесе историската титула.

Отказ за Клаудио Раниери и покрај освоената титула беше очекуван епилог, бидејќи тимот се бори за опстанок во Премиерлигата, во новата сезона, е неочекуван бидејќи доаѓа по не така лошиот пораз во Севиља во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

„Неговиот статус како најуспешен менаџер во историјата на Лестер засекогаш ќе остане непроменет, тука нема дилеми. Меѓутоа, резултатите во домашното првенство го доведоа во прашање премиерлигашкиот статус во опасност, поради што сметаме дека оваа одлука е вистински решение“, стои во клупското соопштение.

Лестер на 25 натпревари во Премиерлигата забележа само пет победи, шест нерешени и 14 порази и со 21 бод се наоѓа на 17-то место со само два бода повеќе од двете последни екипи Кристал Палас и Сандерленд и бод повеќе од 18-от Хал.

Лестер е во опасност да стане првиот тим уште од 1938 година кој по освоената титула, во наредната сезона испаднал од елитата.