Home Вебкафе Пратеничка од Исланд го доеше бебето на говорницата од парламентот (видео)

Пратеничка од Исланд го доеше бебето на говорницата од парламентот (видео)

Унур Бра Конрадсдотир, пратеничка од исландската Независна партија, ја доеше својата ќерка додека држеше говор во Алтинги (исландскиот парламент).

Ова досега не се случило во островската држава, а веројатно ни било каде во светот. Ставовите во однос на доењето во јавност се доста либерални во Исланд, како што демонстрира и овој настан.

Политичарката објаснила зошто го донела своето бебе на подиумот за време на говорот во однос на новиот закон за имиграција.

„Беше гладна и не очекував да одам на говорницата. Потоа, друг пратеник зборуваше за закон кој јас го предложив, на што морав да одговорам. Така што, или требаше да го тргнам девојчето од мене и да ја оставам да плаче со пратеникот кој седеше до мене, или само да ја земам со мене, што мислев дека ќе причини помалку вознемирување“, вели Бра Конрадсдотир.

Додава и дека ќерка ѝ доаѓа со неа на седниците откога е родена и колегите пратеници се навикнати на неа.

„Има доаѓано на голем број средби на комитети со мене, во текот на последните денови пред распуштањето на парламентот. Вообичаено е многу мирна, а кога гласаме цврсто спие. Така што, имало многу малку незгоди претходно“, вели пратеничката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе

Напишете коментар

Check Also

Во Lilly дрогерии попуст до 35% на сите производи за нега на лице

Компанијата Lilly Drogerie го означи почетокот на акцијата со попусти на сите производи за…