Home Спорт Прашање е дали друг го може ова: Ледецки со чаша млеко врз главата го преплива базенот (снимка)

Прашање е дали друг го може ова: Ледецки со чаша млеко врз главата го преплива базенот (снимка)

Олимписката шампионка во пливање Кети Ледецки направи уникатен и редок пливачки подвиг со кој ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, каде ја сподели снимката од истиот.

Во недостиг на натпревари поради пандемијата од корона вирус, Ледецки сними видео на кое покажа дека може да го исплива базенот со чаша полна со млеко на главата без тоа да се истури.

По испливаните 50 метри во базенот Кети, која има освоено 15 златни и 3 сребрени медали на светските првенства, се напи од полната чаша млеко која ја пренесе од едната на другата страна од базенот пливајќи со неа на главата, без ниту една капка од чоколадното млеко да падне во базенот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Ledecky (@katieledecky) on

Ледеки воедно е и актуелна олимписка шампионка од Рио каде освои 4 златни и еден сребрен медал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …