Потврдено: Вардар ќе добие 30 милиони денари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот и европски ракометен првак, Вардар за успехот во Лигата на шампионите за оваа сезона ќе доби 30 милиони денари, потврдија од Владата на Република Македонија.

Финансиската помош за вардарци беше најавена од премиерот Зоран Заев по пристигнувањето на „црвено-црните“ во Скопје по учеството на Ф4 во Келн.

Покрај ова на денешната владина седница беше потврдено дека младиот Бесир Алили и неговиот тренер за освојувањето на златниот медал на Европското кадетско првенство во борење во Италија ќе добие 1 милион денари.

„Владата донесе одлука да му додели 30 милиони денари на Ракометниот клуб Вардар за освоената титула Европски шампион во ракомет, како и одлука да му додели 1 милион денари на Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети“, стои во соопштението на Владата.