Моментално најопасниот италијански мафијашки шеф избега од затвор во Уругвај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роко Морабито, кој моментално важи за најопасниот мафијашки шеф во светски рамки, избега од уругавјскиот затвор каде каде привремено престојуваше во исчекување на екстрадиција заедно со уште тројца опасни затвореници.

Затворениците во текот на ноќта успеале да побегнат низ кровот од затворот да ја ограбат блиската фарма и да побегнат во непознат правец, соопшти Министерството за внатрешни работи на Уругвај.

52- годишниот мафијашки шеф Морабито чекаше екстрадиција во затвор во Монтевидео од каде требало да биде вратен во Италија поради меѓународно обвинение за трговија со дрога.

Според италијанското обвинителство Морабито одиграл голема улога во операциите на трговија со дрога меѓу Јужна Америка и Милано и дека поради тоа во медиумите го добил прекарот „крал на кокаинот во Милано“.

Инаку мафијашкиот шеф Морабито е уапсен во 2017 година во хотел во Монтевидео во Уругвај, откако десет години живеел под псевдоним и користел бразилски пасош.

Тројцата други затвореници кои побегнале со Морабито биле озлогласени криминалци кои чекале изручување во Аргентина или Бразил поради злосторства , како убиства,кражби… соопшти министерството за внатрешни работи на Уругвај.