Готово: Тотенхем го руши трансферниот рекорд за ѕвездата на Лион!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Челниците на Тотенхем после подолго време ќе донесат големо засилување, и тоа играч кој е голема желба на тренерот Маурицио Покетино.

Имено, играчот за врска на Лион, Танги Ндомбеле е многу блиску до трансфер во Тотенхем.

„Скај Спорт“ пренесува дека трансферот е практично договорен и останува уште Французинот да ги помине лекарските прегледи.

Вчера претседателот на Лион, Жан Мишел Ола потврди дека Ндомбеле официјално побарал трансфер, а веќе денес медиумите тврдат дека се е договорено за негово преминување во Тотенхем.

„Спарси“ со овој трансфер ќе го срушат трансферниот рекорд на клубот, откако се согласија да платат 65 милиони фунти за 22-годишниот Французин.


https://youtu.be/SWskkF7NUdM