Потврдено: Марсело е нов фудбалер на Јувентус!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Марсело многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Реал Мадрид, очекувањата се да го напушти клубот после 12 години.

Одличниот 30 годишен фудбалер игра навистина лоша сезона и беше прогласен за главен виновник во некои од натпреварите на Реал Мадрид.

Весникот „АС“, кој е близок до Реал Мадрид тврди дека Марсело е разочаран од моменталниот статус и донел конечна одлука да го напушти Реал Мадрид. Неговите менаџери минатата недела имале два состаноци со раководството на „кралевите“ и побарале играчот да биде ставен на трансфер листа.

Сега пристигна уште една потврда дека Марсело заминува, а познатиот фудбалски агент дури потврди дека негова следна дестинација ќе биде Јувентус.

Имено, ова го потврди менаџерот на аргентинскиот фуаблер на Ајакс, Николас Таглифико.

„Ексклузивно можам да ви потврдам дека Марсело е нов играч на Јувентус, се е договорено. Ме побараа од Реал да почнеме преговори околи Николас, бидејќи ќе им биде потребен лев бек за следната сезона. Марсело одлучил да замине, а се знае дека Роналдо веќе го убедил да потпише за Јувентус “, изјави менаџерот Рикардо Шлипер.

Бразилецот претпочита трансфер во Јувентус, каде повторно би играл заедно со својот голем пријател и поранешен соиграч Кристиано Роналдо. Уште од летото се зборува дека „старата дама“ има сериозен интерес за потписот на 30-годишниот лев бек.