Home Спорт Постои фудбалер на кој и Меси му се восхитува!

Постои фудбалер на кој и Меси му се восхитува!

На клупски план Меси освои апсолутно се, а голема помош за тоа имаше и од одличните соиграчи кои му беа голема поддршка во Барселона.

Сепак, еден фудбалер остави посебен впечаток кај Меси, а тоа е Андрес Иниста.

„Андрес и јас сме многу слични фудбалери. Многу го користиме телото за да му избегаме на противниците, но тој има нешто што ме восхитува. Кога и да помислите дека некој ќе му ја земе топката, тоа е невозможно. Не е брз, но со еден потег ве остава позади себе. Андрес има неверојатна техника и сигурно е еден од најдобрите во светот“, истакна Меси.

Од 2004 година овие двајца заедно играат во Барселона и во тој период освоија дури 8 титули во Примера и четири трофеи во Лигата на шампиони.

Меси во тој период дури пет пати беше прогласиван за најдобар фудбалер на светот, а голем број љубители на фудбалот сметаат дека барем еднаш „Златната топка“ моаше да заврши во рацете на Иниста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…