Славни

Постара е 24 години и му беше професорка – денес му е сопруга, а тој може да е претседател на Франција

Победникот на првиот круг на француските претседателски избори Емануел Макрон е оженет со својата поранешна професрока, која е постара дури 24 години од него.

БиБиСи пишува дека Макрон имал репутација на брилијантно момче, читал француска литература , пишувал песни и роман за шпанските конвистадори.

„Емануел Макрон отсекогаш бил поинаков“, вели Антоанета Маргет која со него одела во училиште. „Луѓето воглавно би гледале телевизија, а тој само читал. Тој и наставниците биле еднакви на некои начини“. Некој кој сигурно така го видел е Бриџит Троњ, неговата професорка.

„Не беше како другите, не беше тинејџер. Имаше еднаков однос со возрасните“, вели таа. Еден ден во текот на нејзината последна година како професорка, дошол со идеја заедно да напишаат нешто.

„Не мислев дека ќе издржи. Мислев дека ќе му досади. Пишувавме и малку по малку целосно ме освои неговата интелигенција“, наведува Бриџит.

На 16 години Макрон го напуштил Амјен да го заврши школувањето во Париз, но ветил дека ќе ја ожени својата поранешна професорка.

„Би се јавиле еден на друг често и поминувавме часови на телефон. Малку по малку, ме освои на неверојатен начин, со трпение“, истакнува таа.

Постара е од него 24 години и има три деца. Го напуштила мажот и почнала врска со поранешниот ученик. Се венчале во 2007 година.

Ан Фулда, авторката на книгата за успехот на Макрон вели дека таа необична љубовна приказна открива многу за одлучноста на Макрон и вербата во себе.

Со години двојката ја избегнувалa јавноста, но до суптилни промени дошло откако Макрон ја покренал својата претседателска кандидатура.

„Тој сака на луѓето да им стави до знаење дека доколку можел да заведе 24 години постара жена и мајка на три деца во мал град во провинција …и покрај исмејувањата и се, дека може да ја освои и Франција на ист начин“, вели Фулда.

Advertisements
To Top