Home Вебкафе Последната фотографија пред падот на авионот во кој патуваше бразилскиот тим

Последната фотографија пред падот на авионот во кој патуваше бразилскиот тим

Трагична вест го потресе фудбалскиот свет! Се сруши авионот кој ги пренесуваше фудбалерите на бразилскиот клуб Шапекоенсе кои требаше да играат финале во Копа Судемерикана.

Преживеани има, сеуште не се знае точниот број но медиумите шпекулираат дека помеѓу 6 и 8 луѓе го преживеале падот. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, а преживеаните веднаш биле пренесени во болница.

Фудбалерите на бразилскиот клуб Шапекоенсе требаше утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.

Во медиумите се појавија последните слики кои биле направени во авионот пред неговото рушење. Голманот Алан Рушел објави на Инстаграм слика, а медиумите пренесуваат дека токму тој е меѓу преживеаните.

28-11avio2

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Хелена Кристенсен: Тајните на блескавата убавина на супермоделката

Кои се ритуалите и третманите за лице што ги следи славната данска убавица и поранешен Вик…