После 10 години Ибра симнат од тронот: Гранквист е фудбалер на годината во Шведска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Андреас Гранквист ја прекина 10-годишната доминација на Златан Ибрахимовиќ и за прв пат во кариерата беше прогласен за фудбалер на годината во Шведска.

Ибрахимовиќ, кој се повлече од националниот тим после ЕП 2016, ја освојуваше оваа награда непрекинато од 2007 до 2016 година, односно вкупно 11 награди во оваа анкета. Ниту еден друг играч во земјата не ја освоил наградата повеќе од двапати.

По повлекувањето од репрезентацијата капитенската лента од него ја презеде 32-годишниот Гранквист, кој настапува во рускиот шампионат, во тимот на Краснодар.

Гранквист беше еден од јунаците во баражот за мундијалот во Русија, во кој Шведска успеа да ја елиминира Италија.