Живот

Поради ОВАА навика при вежбањето, го успорувате метаболизмот и не слабеете

Вежбањето е еден од начините на кои можете да го забрзате вашиот метаболизам и така да ги согорите вишокот калории. Но, што ако напорно и посветено вежбате, а резултати во слабеењето нема. Тогаш бидете сигурни дека нешто правите погрешно.

Сите знаеме дека кардио вежбите носат голем број предности. Губите масни наслаги, ја подобрувате работата на срцето и си правите добро за сопственото здравје. Но, ако редовно ги практикувате овие вежби, а вашите килограми не се топат, тогаш за жал, правите Сизифска работа.

Лорен Слејтон, авторка на книгата „The Little Book of Thin“ открива зошто и како, и покрај големиот труд и посветено вежбање во теретана, можете да работите против себе, односно вашиот метаболизам, пренесува Her.

 

Што правите погрешно?

Иако аеробните вежби можат да ја зголемат и забрзаат работата на метаболизмот со часови, па дури и денови после вежбањето, ако постојано правите едни исти вежби подолго време, тогаш нема баш да имате ефект од тоа, истакнува Слејтон.

Иако поради таквите вежби можете да се испотите добро, не ги развивате мускулите, па со тек на време вашиот метаболизам ќе си ја успори работата. Потребно е да го шокирате телото и да воведувате нови работи во рутината на вежбање, со цел метаболизмот да се забрзува при секој тренинг.

Препорачлио е да вметните тегови кои ќе ви помогнат не само побрзо да ги трошите калориите, туку и да имате затегнати раце и нозе. Внимавајте на правилното изведување на вежбите, а ако во близина имате инструктор или тренер, слободно побарајте негова помош и совет за да го намалите ризикот од повреди при евентуално несоодветно изведување на вежбите.

Advertisements
To Top