Живот

Конечно контрацептивна пилула за мажи – безбедна е и не намалува сексуална желба

После првото тестирање на машката контрацептивна пилула која кај повеќето мажи предизвика непријатни појави како депресија, намалено либидо, акни, болки во мускулите и промена на расположението (а кои жените кои користат контрацептивни пилули редовно ги доживуваат), направено е и второ тестирање.

Пилулата е целосно безбедна

Пилулата беше тестирана од 83 мажи во рок од еден месец и овој пат тестирањето беше успешно. Досегашните напори беа безуспешни бидејќи машкиот организам пребрзо ги вареше хормоните, па мораа да се потпираат само на кондоми како контрацепција.

Пилулата, како што наведува Telegraph, е целосно безбедна и не ја пореметува сексуалната желба кај мажите. Позната е како dimethandrolone undecanotae (DMAU) и се состои од долговерижни масни киселини кои го забавуваат процесот на разградување и затоа дневно е доволна само една доза од оваа пилула.

Делува единствено ако се зема со храна

Машката контрацептивна пилула го имитира дејството на оние за жени, што значи дека комбинира секакви активности на андроген – машки хормони како тестостеронот и прогестинот. Резултатите од тестирањето на мажите кои зема најголема доза контрацептив од 400 мг, покажаа дека е помало нивото на тестостерон, но пилулата дејствува единствено ако се зема со храна.

Секој од испитаниците доби малку на тежина, а забележано е и намалување на нивото на добриот холестерол.

„Многу мажи изразија желба да ја земаат пилулата дневно, како реверзибилен контрацептив, а не инјекции со долготраен ефект или топички гелови, кои исто така ги развиваме“, изјавија експертите.

Advertisements
To Top