Актуелно

Тврдокорниот и воинствен Болтон назначен за безбедносен советник на Трамп

Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави преку Твитер дека Херберт Рејмонд Мекмастер си заминува од местото на советник за државна безбедност, вчера тој го именува тврдокорниот и повионствен Џон Р. Болтон, бивш американски амбасадор во ОН, за свој трет безбедносен советник.

Со тоа Трамп ја продолжува контроверзната рокада во своите редови, „билдајќи“ воинствен тим од советници за национална безбедност.

Овој потег, кој беше ненадеен, но не неочекуван, сигнализира поагресивен пристап во американската надворешна политика во време кога Трамп се соочува со растечки предизвици, меѓу кои и од Иран и Северна Кореја, вели весникот.

„Со задоволство објавувам дека од 9 април Џон Болтон ќе биде мојот нов советник за државна безбедност“, рече Трамп во последното продолжение од серијата отпуштања или заминувања на членови на неговата администрација последниве месеци.

Болтон беше член на владата на претседателот Џорџ Буш – Помладиот и коментатор на американската телевизија Фокс њуз.

На одлуката на Трамп тој реагираше исто така на Твитер, велејќи дека едвај чека да работи со претседателот и неговиот тим „да ја направи нашата земја побезбедна дома и посилна во странство“.

 

Оваа промена доаѓа десет дена по оставката на државниот секретар Рекс Тајлер, кој ќе биде заменет од директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео.

Категорично неоконзервативен, Болтон помогна во „докажувањето“ дека Садам Хусеин поседувал оружје за масовно уништување, за што се покажа дека е лажно.

Познат по неговите мустаќи во стилот на морж, Болтон не изгледа дека оттогаш многу ги сменил своите ставови.

Тој ја брани инвазијата на Ирак и во уреднички колумни се залагаше за употреба на воена сила против Северна Кореја и Иран, како и за потврд став кон Русија.

Извор: Мкд.мк

Advertisements
To Top