Поради нивниот дом среде море сега над глава им виси смртна казна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Американецот Чед Елвартовски и неговата девојка Супрани Тепдет им се заканува смртна казна за прекршување на државниот суверенитет на Тајланд, поради тоа што живееле на морска платформа во меѓународни води.

Чад и неговата девојка Супрани се во бегство пред тајландската морнарица , која ги обвинува за градење на морски дом , со што го нарушувале државниот суверенитет.

Нивниот дом, фиксиран на 20 метри висока платформа се наоѓа на околу 19 километри од монденското летувалиште Пукет. Американецот тврди дека куќичката е поставена на 21 километар од брегот на Тајланд и дека не ги загрозува нивните води. Морнарицата нагласува дека двајцата не побарале никаква дозвола за градба на куќата, подигната на бертонска платформа среде море.

Доколку ги прогласат за виновни за нарушување на суверенитетот на државата , им се заканува доживотен затвор или смртна казна.

Елвартовски работел како програмски инженер за американската армија, пред да почне да вложува во виртуелната валута биткоин. Потоа заедно со девојката од Тајланд почнале да градат куќа среде море и станале дел од групата Ocean Builders, кои градат куќи во морињата со цел да станат автономни од секоја власт.

Спорната платформа била изградена во февруари, но властите ја откриле дури оваа недела.

Ваквите градби, односно мини заедници се расфрлани низ сите мориња, и тоа во меѓународните води, каде станарите прогласуваат автономија. Најпозната е платформата Силенд, изградена од 1967 година во Северното море.