Полуфинале за паметење: Воскреснувањето на Тотенхем и крајот на бајката од Ајакс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако во првиот полуфинален дуел Холанѓаните победија со 0:1, Ајакс синоќа на домашен терен го пречека Тотенхем на својот стадион во реванш натпревар од Лигата на шампионите. Гледавме фантастичен натпревар кој на крајот заврши со победа на Тотенхем од 2:3 и пласман во финалето на најелитното фудбалско клупско натпреварување за Англичаните.

Натпреварот во Амстердам започна одлично за Ајакс, Матијас Де Лихт постигнува гол во петата минута и носи предност од 1:0. Половина час подоцна Ајакс преку Зијеш стигнува и до 2:0.

Во тие моменти Ајакс изгледаше како сигурен финалист, но како што веќе не навикна оваа сезона во Лигата на шампионите следуваше чудо.

Тотенхем многу подобро го стартуваше второто полувреме. Таквата игра им се исплатеше во 55-тата минута кога Лукас Моура постигнува гол за 2:1, а само четири минути подоцна истиот играч изедначува на 2:2.

Гостите во тие моменти изгледаа многу подобро, Ајакс грчевито се бранеше и стравуваше за финалето. Тотенхем констатно напаѓаше, но и Ајакс знаеше да се закани на моменти.

Зијеш на десетина минути до крајот ја погоди стастивата, а Тотехем огромна шанса пропушти во 87-та минута.

Имаше и Ајакс одлични прилики во судиското продолжение, меѓутоа не ги искористија. Казната им стигна на болен начин во 95-тата минута и тоа со третиот гол на натпреварот на Лукас Моура за пресврт и финале на Тотенхем.

Каков натпревар, каква ноќ, каква сезона во Лигата на шампионите!