Полицијата казни возачи на спортски автомобили заради пребавно возење


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


При управување со брзи спортски автомобили, особено без претходно слично искуство, лесно е да се „заработи“ казна поради пречекорување на дозволената брзина.

Но, сосема спротивен случај од овој вообичаениот се случи во Конектикат, каде полицијата казни возачи на вакви брзи автомобили поради пребавно возење.

Полициските служби примиле неколку пријави дека десет скапоцени спортски автомобили пребавно се движат по патот во Хамден, Њу Хејвен, поради што се закочува целиот сообраќај по оваа сообраќајна делница.

Исто така, останатите учесници во сообраќајот дојавиле дека спортскиот автомобил кој е на чело на оваа група ги снима останатите автомобили, блокирајќи ги двете сообраќајни ленти, па останатите возила не можат да ги преминат.

Следела полициска интервенција при што биле запрени сите десет спортски автомобили, а возачите добиле казни поради пребавно возење и блокирање на сообраќајот.