Home Вебкафе Политичар за пример: Видете како јапонскиот премиер се вклучува во сообраќајот

Политичар за пример: Видете како јапонскиот премиер се вклучува во сообраќајот

За разлика од поединечни негови колеги од самиот врв на државните политики ширум светот (нашиве не се ништо „помалку“ од нив), јапонскиот премиер Шинзо Абе не инсистира на тоа да се прави драма затоа што мора некаде да оди со автомобил.

Напротив, поради неговото поминување по одредена сообраќајница, не само што не се затвора сообраќајот на истата во траење од половина час или можеби и цел час (како што е пракса кај нас и по некои земји во светот), туку нема ниту минимален прекин, а нема присуство ниту на еден куп блиндирани возила, полициски коли, сообраќајци со мотори како претходница и слични други безбедносни структури и мерки.

На Абе му се потребни пет автомобили од кои, ова мора да го видите, буквално се излезени низ прозорците неговите телохранители чија задача е, со бели ракавици, да ги замолат останатите учесници во сообраќајот да му направат малку место на премиерот да се вклучи во сообраќајот, без притоа да има било каков прекин и застој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Бекамови на Ибица покажуваат како изгледа совршениот опуштен летен стил

Ве молиме испратете го текстот што треба да се преведе на македонски јазик. …