Полиаморија на дело: „После 10 години брачен живот му реков дека сакам секс со други мажи“

полиаморија

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После десет години среќен брак, Анита Кесиди (40) му рекла на својот сопруг Марк (46) дека за неа моногамијата почнала да станува досадна и дека сака да експериментира со други секс партнери.

полиаморија
Со сопругот Марк и љубовникот Андреа

Тој се согласил дека и двајцата би требало да се гледаат со други луѓе. Но, дали еден брак навистина може да поднесе повеќе од две инволвирани личности? Анита своето искуство реши да го сподели со Daily Mail, откривајќи ги семејните тајни за себе, својот сопруг и нејзиниот помлад љубовник, Италијанецот Андреа (30).

Сексот бил добар, но сакала повеќе

„Пред околу една година, на Фејсбук објавив фотографија со сопругот и нашите две деца, но на неа имаше уште еден маж. Пријателите ме прашаа кој е тој, а јас им кажав дека тоа е мојот дечко Андреа. Знам дека се шокираа сите оние кои веруваа дека јас и сопругот имаме традиционален и конвенционален брак. Но, вистината е дека пред три години го седнав Марк на кујнската маса и го имавме најмачниот разговор во нашиот брачен живот. После десет години среќен брак, му кажав дека тој веќе не ми е доволен.

Анита Кесиди

Не сакав во тајност да се гледам со други мажи, бидејќи тоа би било изневерување, но му признав дека не ни можам да замислам до крајот на животот да се сексам само со него. Плачев и двајцата бевме вознемирени. Најпосле тој рече: ОК, ајде да се обидеме на поинаков начин. Го сакам Марк и сексот со него беше добар, но се чувствував осамено. Се обидов да стекнам повеќе пријатели, се зачленив во друштво на писатели, почнав да пишувам за жена која имала вонбрачна афера, а потоа се фрлив на истражување за таа тема. Верувам дека традиционалните врски се своевидно заклучување. Запознавате некого, убаво ви е и тогаш сакате да го заклучите тоа. Ги затворате сите врати и прозори и живеете само вие двајца. Но, набрзо воздухот станува задушлив бидејќи нема веќе кислород“, раскажува Кесиди.

Децата ни се многу мали за да разберат

„Кога сето тоа му го признав на сопругот, нашиот однос стана некако подобар. Како да внесовме свеж кислород во куќата. Не дека дотогаш живеев во лага, но како да не сум знаела дека во мене постои таа неконвенционална страна. Мојот прв состанок после толку години беше чуден. Марк остана дома со децата, а јас излегов да се најдам со друг маж. Секогаш кога така излегував, Марк знаеше каде и со кого одам. Го запознавав со своите нови партнери и тоа престана да биде чудно. Луѓето мислат дека се работи за секс, но не е така. Понекогаш наоѓате некој со кој чувствувате подлабока поврзаност. Тоа ми се случи мене со Андреа, кого го запознав преку интернет страна за состаноци пред две години“, продолжува Анита.

полиаморија
Андреа со децата од Анита

„Сфативме дека имаме многу заеднички нешта. После девет месеци го запознав со Марк, а со децата после една година. Тие имаат 8 и 10 години и уште се премногу мали за да ги сфатат деталите, но им објаснив што е моногамија и дека тоа не е за мене. Андреа се гледа и со други жени. Дали сум љубоморна? Некогаш да, но тоа е нешто на кое допрва морам да поработам. Луѓето можеби мислат дека сум себична, но дали немаше да бидам себична ако останев несреќна во бракот и моето семејство да трпи поради тоа?“, поентира оваа мајка со полиамориски пориви и чувства.

полиаморија
Анита и Андреа

Полиаморија со неочекуван расплет

„Марк, исто така, се обиде да излегува со други жени, но не за долго. Сфати дека тоа не е за него. Престанавме да спиеме заедно пред 18 месеци и одлучивме да се разделиме, но уште живееме заедно. Андреа понекогаш преспива кај нас додека мојот сопруг е дома и тоа е ОК. Божиќ го поминуваме заедно. Дали го сакам својот сопруг? Секако дека да, но тоа повеќе не е сексуална љубов. Тој секогаш ќе биде важен дел од мојот живот“, завршува Кесиди.