Пол Погба со порака до Јане: Ти благодарам за позитивната енергија, се гледаме во Манчестер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба денес упати видео порака до малиот Јане Велковски од Македонија, кој боледува од спинална мускулна атрофија.

Погба му се заблагодари на 9-годишниот Јане за позитивната енергија и вети дека наскоро двајцата ќе имаат средба во Манчестер.

„Здраво Јане, се надевам дека си добар. Ти благодарам за позитивната енергија која ми ја даваш и би сакал да те поканам во Манчестер на натпревар на Јунајтед, се гледаме наскоро“, рече Погба.