Погледнете која е тајната на успешните луѓе – 12 нивни карактеристки

тајната на успешните

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овде не се работи само за пари, туку за општ успех. Повеќето од нас пријателите ги бираат според емоции, интереси, хоби, ставови и слично. Но дали знаевте дека успешните луѓе пријателите ги бираат поинаку?

Томас Корлеј во својата книга тврди дека една од најважните одлики на успешните и финанскиски потковани луѓе е оттргнување од наклонетоста пријателите да се бираат според емоција.

Успешните луѓе пријателите ги бираат поинаку

Истражувањето е спроведено на 177 милионери кои своето богатство го создале самите. Се дошло до заклучок дека тие луѓе намерно запознаваат и формираат пријателства со успешни луѓе,  она кон што се стремат и тие.

Според тврдењата на Корлеј, луѓето обично несвесно ги бираат пријателите или партнерите, односно врз база на емоција. На крај сето паѓа на наша одлука. Дали ќе се дружиме со инспиративни и успешни луѓе или несвесно ќе создаваме пријателства.

Карактеристично за успешните луѓе, кои секогаш може да не мотивираат се:

  • добри навики
  • позитивна ментална перспектива
  • доверливост
  • знаат да ги мотивираат другите
  • верност
  • финансиска стабилност
  • добра работна етика
  • тие се одговорни личности
  • имаат цврста волја
  • дисциплинирани
  • ентузијазам
  • благодарни се

Кога ќе се насочиме кон тие квалитети, нормално дека и опкружувањето околу нас ќе се измени. Затоа промената мора да ја започнеме од самите себе, па да продолжиме со промена на средината која не опкружува.