ФОТО и ВИДЕО: Погледнете како Ноне ужива на Јамајка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешната македонска пејачка која веќе подолг период го обиколува светот работејќи на брод, пристигна и во прекрасната Јамајка, каде ужива заедно со нејзиното момче.


Ноне Неделковска можеби не е присутна на македонската медиумска сцена, но затоа апсолутно добро ги користи социјалните мрежи, пред се Фејсбук и Инстаграм со помош на кои постојано е во контакт со своите пријатели и фанови од Македонија.


Така, таа последниве денови споделува фотографии на кои се гледа како ужива на Јамајка, со нејзиното момче црномурестиот Рајан.


Живописната природа на карипскиот остров и целата егзотика таму, нашата „џепна Венера“ умешно ни го доловува со бројни фотографии и видеа.

На нив може да се види како Ноне ужива во прекрасната природа, храна како и веројатно бројните пријатели и семејството на нејзиното момче, кое потекнува токму од Јамајка. Па, дали Ноне ќе стане идна јамајканска невеста, или и понатаму ќе не поздравува од разни дестинации ширум светот, останува да видиме.

1 COMMENT

Comments are closed.