Родена е со половина лице, својот хендикеп го крие со косата бидејќи ја исмеваат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иванка Данисова, правничка од Братислава, е родена со ретко пореметување наречено Godenhar Syndrome; поради кој коските од нејзината десна страна од лицето воопшто не се развиени.

Лекарите им рекле на нејзините родители дека ќерка им ќе почине млада, но згрешиле.

„Кога ми го дијагностицирале пореметувањето, не ми давале надеж. Според прогнозите од лекарите, не требало да преживеам“, вели Иванка за Daily Mail.

Целиот живот досега таа го минала покривајќи ја десната страна од лицето со својата коса, а како мала често била мета на малтретирање и исмевање од своите врсници.

„Суровите луѓе и деца често ме исмеваа, но од мала себеси се гледав како дете со визија и цел во животот. И покрај сето она низ кое што поминав, никому не дозволив да ми застане на патот“, вели оваа млада и храбра жена.

Денес има 30 години и секогаш е внимателна имајќи во предвид дека не слуша со едното уво, па никогаш не можела да се занимава со спорт, а заболела и од аритмија и во еден момент кај неа била дијагностицирана леукемија. Но, Иванка не се предавала.

Отпатувала во Америка на корективни операции за лицето, вкупно две, од кои првата траела 20 часа, а втората 11 часа. Во септември се спрема да отпатува на трета, финална операција, исто во Америка.