Home Спорт Погледнете ја шпанската карате перфекција која ја покори Јапонија во кати на Олимпијадата во Токио

Погледнете ја шпанската карате перфекција која ја покори Јапонија во кати на Олимпијадата во Токио

Шпанката Сандра Санчез, позната како „кралица на катите“, го освои златниот медал во кати на Олимпијадата во Токио, победувајќи ја во борбата за олимпискиот трон домашната фаворитка, Јапонката Кијоу Шимизу.

39-годишната Санчез овој златен олимписки медал во премиерниот турнир во кати на една Олимпијада го додаде на нејзината импресивна трофејска колекција во спортот во кој во женска конкуренција доминира со години.

Отпишана како стара во конкуренција за златото, Сандра во дуелот со 27-годишната Шимизу приредија совршено финале во Нипон Будокан арената, јапонскиот храм на боречките вештини, финале кое Санчез го доби со тесен резултат од 28.06 наспрема 27.88. Еве го нејзиниот шампионски настап.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…