Вонредна состојба среде Олимпијадата – Токио со рекорден број на новозаразени лица со Ковид-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градот-домаќин на Олимписките игри, Токио, се соочува со вонредна состојба среде оваа планетарна прослава на спортот, потврдувајќи повеќе од 5.000 нови инфекции со коронавирус поради брзото ширење на варијантата делта, па експертите стравуваат дека здравствениот систем наскоро би можел да колабира.

Новозаразените , вкупно 5.042, се нов рекорд за тој град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може да се удвои во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно болните лица.

„Варијантата делта е многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа, рестораните и баровите мора да бидат затворени порано и не смеат да служат алкохол. Организаторите на Олимписките игри регистрирале 31 новозаразени лица поврзани со Игрите, најмногу досега. Меѓу нив е и еден спортист.