Погледнете го двојникот на Брус Ли – Авганистанецот ги има сите „нишани“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Абас Ализада (24) е авганистански глумец, но она што прво се воочува е дека потсетува на мајторот за Кунг Фу, Брус Ли.

Уште додека бил дете, Абас бил фасциниран од боречките вештини, но сиромаштијата го спречила да се придружи во некој клуб. Одбивајќи да се откаже, тренирал дома.

„Првиот пат кога видов филмови со Брус Ли имав 8 или 9 години и многу ми се допаднаа неговите движења. Неговите филмови ме инспирираа да почнам да учам боречки вештини“, вели Абас.

Десет години учел Кунг Фу. Пред три години започнал да тренира со тренер во локален клуб, а научил да користи и нунчаки, само од гледање на идолот. Тој вели дека се уште сака да тренира во својот подрум.

?? @brucelee @donnieyenofficial @cristiano

A post shared by Abolfazl Abbas Alizada?? (@abbas_alizada_official) on

Абас стана познат во Авганистан, но и пошироко кога пред неколку години објавил фотографија на Фејсбук со потпис: „Брус Ли се појави во Авганистан“. Вели дека е многу горд со фактот дека сонародниците го нарекуваат „Авганистански Брус Ли“.

Младиот глумец до сега снимил два филмови, и двата биле посветени на легендата Брус Ли. Од неодамна потпишал договор со холивудска компанија, но не откирва ништо освен дека снимањето ќе започне во мај или јуни.