Поезија за душа: „СРЦЕТО НА БОРКА ТАЛЕСКИ“ – Блаже Конески


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никој не зборнал уште со темна сила
во гласот – за тебе што млад и огорчен падна.
Како случка да било, како да не бил прозорлив часот
твој смртен. Прости за делнична рамнодушност ладна!

Ние што те паметиме и во кои
дел барем, во свеста, од твојата душа пали
и нè двои, толку сме веќе испоснети зарем
и толку ли сме, во ситни грижи, мали?

Нека се дума, кај Тројаци, оној миг
кога нишан од срцето на Борка земаше една пушка
и оној вик, нагол и раздирлив, иако нагло стишен,
кога пред падот се крева рака и телото се лушка!

Тој вик беше еден врвен проглас
од сета врст наша, што предодреден го прати,
и кој го разбрал секогаш ќе се праша
во животот со што да врати.

Тој падна за да останат во најчиста мера
за века, од ништо непоматени веќе,
еден завет и вера на младоста што пека
за простори, и мирба со гнасата што нејќе.