Home Спорт Подвиг за историја: Македонскиот таеквондо борач Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма за летната Олимпијада

Подвиг за историја: Македонскиот таеквондо борач Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма за летната Олимпијада

Македонскиот таеквондо борач Дејан Георгиевски направи голем успех и обезбеди олимписка норма за ЛОИ во Токио!

Георгиевски на европскиот квалификациски турнир во Софија во категоријата над 87 килограми успеа да слави над олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан и така обезбеди место на финалниот собир. Георгивски го доби Исаев со 13:6.

Претходно место на Олимписките игри од Македонија обезбеди борачот Могамедгаџи Нуров, а се очекува и каратистот Емил Павлов да го направи истото.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…