Почина велосипедист кој вчера беше прегазен од товарно возило кај Драчево


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Почина лицето кое вчера околу 14 часот и 45 минути беше прегазено од товарно возило во близина на Драчево.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила на крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ и патот за село Батинци, пред мостот кај Маркова река кога товарно возило марка „Mерцедес“ управувано од И.И. (1956) од село Чифлик удрил во 30-годишниот велосипедист Н.М. од Пинтија.

Повредениот со возило на Итната медицинска помош во животозагрозувачка состојба бил пренесен на КАРИЛ каде поради тешките повреди околу 16 часот починал. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.