Почина легендата на Реал Мадрид!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер и легенда на Реал Мадрид, Рејмонд Копа почина утрово во Анжерс на 85-годишна возраст.

Рејмонд Копачевски ќе биде запаметен како еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалската игра и прв Французин кој ја освоил „Златната топка“ во 1958 годна.

Кариерата ја започна во Анжерс, па потоа премина во Реимс каде во 1953 и 1954 беше првак на Франција, а играше и финале од Купот на Шампионите, но со 4-3 загуби од Реал Мадрид.

Во 1956 година премина во редовите на Реал Мадрид каде со „кралскиот“ клуб успеа да освои три трофеи во Купот на шампионите, а со својата репрезентација се закити со бронзениот медал од Светското првенство во Шведска, каде беше прогласен за најдобар фудбалер.