Home Спорт Победничката на Ролан Гарос гордо призна дека е Македонка

Победничката на Ролан Гарос гордо призна дека е Македонка

Романската тенисерка Симона Халеп која вчера го освои престижниот Ролан Гарос, има македонски односно влашки корени од Македонија.

Македонскиот амбасадор во Атина Дарко Ангелов сподели текст на романски медиум кој пишува за Халеп, која во Романија ја нарекуваат „најсилната“.

„Тие се едни од најсилните Македонци. Тие се голема и почитувана заедница. Не бидејќи се богати, бидејќи ги негуваат македонските традиции и никогаш не скршнуваат од нив“, велат романските медиуми и додаваат.

„Халеп ќе ја следи семејната традиција и нејзиниот сопруг ќе има македонски корени. Може и да биде ром, што би било и подобро. Но таа нема да го прекрши семејниот збор“, додава медиумот.

За потеклото на Симона Халеп како Влаинка од Македонија пишуваат поголем дел од романските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…