Видео: Маж изврши самоубиство во Големата џамија во Мека


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мaж скокнал од покривот на светата џамија во Мека, најголемото муслиманско светилиште во светот, објави локалната полиција.

Саудиската новинска агенција СПА објави дека странски државјанин скокнал од покривот на џамијата во Мека и починал на самото место. Турскиот весник „Дејли сабах“ објави снимка од трагичниот инцидент.

Неговото тело веднаш било транспортирано во локалната болница, по што започнала истрага за инцидентот и можните мотиви. Според извештаите, ниту еден од насобраните верници не бил повреден.

Инаку, снимката покажува човек кој паѓа во толпата луѓе неколку метри од светиот камен Ќаба. Иако неговиот идентитет се уште не е откриен, „Дејли тајмс“ вели дека станува збор за човек на возраст од 35 години, а „Дејли сабах”, пак, ги цитира локалните медиуми дека се работи за 26-годишен француски државјанин кој го прифатил исламот. Самоубиството се смета за голем грев во оваа религија.