По извршена инспекција, од Здравство: Бакрачески е поставен на позиција според неговата стручност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерството за здравство извршило вонреден инспекциски надвор за прераспределбата на Никола Бакречевски и контратирало дека тој е поставен на работно место раководител – во согласност со неговата стручност.

Во соопштението на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат се вели дека Бакрачевски со одлука за мирување на вработувањето имал право во рок од 15 дена по престанокот на вршењето на функцијата градоначалник на општина Охрид да се врати во Заводот на работното место што одговара на неговиот степен на стручна подготовка.

„Роковите се почитувани и моментно во Заводот е поставен на работно место раководител на отсекот за аритмии за што во согласност со систематизацијата потребно е високо образование Медицински факултет – специјалист интернист или супспецијалист кардиолог. Напоменуваме дека во установата, независно на кој отсек се водат вработените, постојано ротираат на сите отсеци, така што и д-р Никола Бакрачески, по враќањето во Заводот, вршел интервенција коронарографија“, се вели во соопштението.