По Илинден старото македонско знаме ќе биде забрането!?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првото македонско државно знаме по осамостојувањето, шестнаесеткракото сонце на црвена позадина ќе биде забрането да се истакнува на јавни површини, благодарение на Преспанскиот договор. Исто така, спротивно на македонската историографија, сите споменици од античкиот период на Македонија ќе бидат обележани дека се грчки.

По точно еден месец сонцето од Кутлеш, симболот на првото знаме на независна Македонија, повеќе нема да може да се види во јавна употреба, затоа што дотогаш ќе биде отстрането од јавниот простор, а сите споменици што упатуваат на античката елинска историја и цивилизација ќе бидат соодветно означени, согласно со Преспанскиот договор, пишува Слободен печат.

Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров во неговиот кабинет со знамето што ќе биде забрането

Од Владата за „Слободен печат“ велат дека корекциите ќе бидат завршени во зацртаниот временски рок, но не изнесуваат детали на кој начин ќе се извршат корекциите, како ќе се спречи јавната употреба на сонцето од Кутлеш и што сè е регистрирано како јавен простор и јавна употреба.

Македонското сонце го има во цркви, на фасади, на плоштади и на други јавни и приватни објекти

-На седницата одржана на 4 јули, Владата на Република С. Македонија го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација за спомениците, јавните и другите инфраструктурни објекти чии имиња се дел од античката хеленска култура и цивилизација, во чија надлежност се тие во однос на поставувањето и одржувањето и кој е носител на авторските права, доколку станува збор за уметнички дела. Воедно, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да побара надлежните институции да достават информација каде се користи или е вграден симболот на сонцето од Вергина во јавниот простор. Корективните дејства ќе бидат преземени по обезбедувањето на информациите, согласно со Преспанскиот договор и во зацртаниот временски рок, одговорија од Владата.

Уставните измени за промена на државното име беа изгласани на 11 јануари, стапија на сила на 12 февруари, а рокот за преименување на спомениците и за отстранување на сонцето од Кутлеш истекува на 12 август.

Целата анализа прочитајте ја на Слободен печат.