Откриено зошто Зидан вчера ги напушти припремите на Реал во Канада


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зинедин Зидан вчера изненадувачки ги напушти припремите на Реал Мадрид и од Монтреал се врати во Шпанија.

Клубот вчера објави дека Зидан тоа го направил поради лични причини, а сега во шпанските медиуми се појавуваат информации за изненадувачкото заминување на францускиот стратег.

Не се работи за незадоволство во таборот на Реал, наводно еден од браќата на Зидан се соочил со тешка болест.

Медиумите пишуваат и дека заминувањето на Зидан било толку итно што и состанокот кој го имал закажано со Флорентино Перез и уште еден член на управата морал да биде одложен.

Засега официјална потврда за веста за болеста на братот на Зидан нема.