Home Спорт По драматичен финиш на вториот полуфинален дуел – Ливерпул оди во финале

По драматичен финиш на вториот полуфинален дуел – Ливерпул оди во финале

После еден возбудлив натпревар полн со голови и пресврти на „Олимпико“, Рома го победи Ливерпул со 4:2, но „црвените“ се тие кои ќе патуваат во финалето во Киев.

Во првите пет минута Рома започна фуриозно, но после една грешка на средината на теренот следеше фуриозна контра на „црвените“ која заврши со гол на Мане.

Само неколку минути подоцна Рома среќно го израмни резултатот. Ел Шарави го бараше Џеко во шеснаесетникот, но топката после еден карамбол од Милнер заврши во голот на „црвените“.

Сепак, кратко траеше радоста на „волчицата“ бидејќи после еден корнер во 26-та минута Џеко му ја сервираше топката на Вајналдум кој погоди за 2:1.

До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, а најздрелата беше за домаќините во 36-та минута кога Ел Шарави ја погоди стативата.

Во второто полувреме Рома тргна фуриозно и стигна до израмнување во 52-та минута. Кариусго одбрани ударот на Ел Шарави, но топката стигна до Џеко кој погоди за 2:2.

„Волчицата“ беше подобар противник во второто полувреме и создаде многу шанси, а во 63-та минута беше оштетена откако Арнолд играше со рака пред својот гол, а судијата не покажа на белата точка.

Иницијативата на домаќините конечно вроди со плод во 86-та минута кога Наинголан со фантастичен удар од дваесетина метри донесе водство од 3:2.

Драмата траеше до последниот свиреж на судијата, бидејќи во 93-та минута беше досуден пенал за Рома кој во гол го претвори Наинголан за конечни 4:2.

Сепак, оваа победа на „волчицата“ се покажа како „пирова“ бидејќи во финалето во Киев патува Ливерпул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…