Home Шоубизнис Братот од Меган му порача на Хари: „Уште не е доцна, откажи ја венчавката со сестра ми“

Братот од Меган му порача на Хари: „Уште не е доцна, откажи ја венчавката со сестра ми“

Меган Маркл, идната сопруга на принцот Хари, има полубрат од пеколот, кој не е баш во позитивна настројба кога станува збор за бракот на неговата полусестра.

Откако во една прилика изјави дека свршувачката на неговата сестра за принцот Хари им го уништила нивното семејство, Томас Маркл Јуниор одлучи и писмено да му се обрати на својот иден зет за сестра и да му порача дека уште не е доцна да ја откажи венчавката.

Томас му порача на принцот дека времето истекува, но дека уште може да стигне да ја откажи венчавката со жената која ќе го упропасти кралското семејство.

„Не можам да верувам дека не ја гледаш Меган онака како што ја гледа цел свет. Таа е актерка од Ц категорија која ги губи улогите бидејќи старее и сега сака да стане принцеза“, напиша Томас во своето писмено обраќање до Хари. Но, не запре на тоа.

„Нашиот татко, поради нејзината актерска кариера, западна во огромни долгови од кои уште се нема извлечено. Таа не му врати ни скршена пара“, додаде тој, порачувајќи му на принцот сам да процени за каква личност станува збор.

„Таа не го покани на венчавка своето сопствено семејство, а кани целосни странци“, вели тој. А заклучокот на писмото е особено интересен:

„Меган е мое семејство. Иако таа нас целосно не заборави, ние не сме ја заборавиле неа и секогаш ќе бидеме тука“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …