Планетата Земја „се вари на најјако“ – вакви жештини немало милиони години наназад


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според научна студија која беше објавена деновиве, Парискиот договор за климатски промени од 2015 веќе не е  ефикасна превентивна мерка за намалување и спречување на глобалното затоплување и со него нема да може да го запре домино ефектот. Тоа може да резултира со катастрофални сценарија за планетата Земјата.

Целта е просечната температура во светот да се задржи да се зголемува до два Целзиусови степена над онаа што беше пред индустриската револуција. Сега и овие два степена претставуваат опасност.

Авторите на научиот труд, објавен во списанието „Зборник на Националната академија на науките”, посочија дека порастот на температурата од 1,5 до 2 степени Целзиусови повеќе не зависи исклучиво од човечкиот фактор.

Во најновата студија која заеднички беше спроведена од Австралискиот национален универзитет, Универзитетот во Копенхаген и други институти се вели дека дури и ако целта биде исполнета, други процеси кои веќе се влошени од климатските промени може да ја зголемат температурата на Земјата за 4 до 5 степени.

Станува збор за топењето на поларниот мраз и за метанот што се ослободува од дното на морето. Сето тоа со време ќе ја направи Земјата непогодна за живеење. На краток рок, сцените како топлотните бранови што моментално ја зафатија Европа ќе станат многу почести.

Заедно со катастрофите што ги придружуваат. Реките ќе се изливаат, ураганите ќе пустошат, а нивото на морето ќе биде и 10 метри повисоко и сето тоа до крајот на овој век.