Сега и официјално: Челзи ја плати клаузулата за Кепа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа што се најавуваше вчера, денес доби и официјална потврда. Кепа Аризабелага е најскапиот голман во историјата на фудбалот.

Челзи денес ја плати откупната клаузула за голманот на Атлетик Билбао, која изнесуваше 80 милиони евра.

Ова штотуку го потврди баскискиот клуб, а Кепа се очекува во текот на денешниот ден да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на 5-годишен договор.

23-годишниот шпански голман доаѓа на „Стенфорд Бриџ“ како замена за Тибо Куртоа кој се сели во Реал Мадрид за 35 милиони евра.