Петочна временска прогноза


Дерби до Дерби! Комплетен фудбалски викенд ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, петок, 27. октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во северозападните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од јужен правец.

Утре наутро времето ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 Целзиусови степени.