Петочна временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првиот ден од втората половина од март ќе ушиваме во посончево и потопло време. Облачноста ќе биде сосема мала и локална низ земјава. Повремено во источната половина од земјава, како и долж текот на Вардар ќе дува умерен северен ветер.

Утрото ќе биде малку постудено во однос на претходните, со појава на слаб мраз на повисоките места, но и локално низ котлините.. Минималната температура ќе биде во дијапазонот од минус 2 до 4 степени.

Денот ќе биде потопол во однос на пертходните. Максималната температура ќе има вредност  помеѓу 14 и 16 степени низ котлините во северниот и западниот крај. Потопло ќе биде во југоисточниот регион, помеѓу 16 и 20 степени. На повисоките места во источниот крај максималната нема да надмине 12 степени.

Скопскиот крај очекува мала облачност, односно претежно сончево време.Температурата ќе има минимална вредност околу 0, а максимална до 16 степени.