Мнозинството во Парламентот сабајлево ќе се обиде да го свика собранието


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Пратениците од парламентарното мнозинство од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците денеска рано ќе поднесат иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието до претседавачот на првата седница Трајко Вељаноски, потврдија извори од СДСМ, а пренесува СакамДаКажам.

Од собраниските служби велат дека ако пристигне иницијативата со минимум 61 потписи, тие ќе го известат претседавачот Трајко Вељаноски. Според Деловникот, нема предвидено рок во кој претседавачот е должен да свика продолжување на седницата од 30 декември минатата година, туку треба да го направи тоа кога ќе се создадат услови.

Новото парламентарно мнозинство брои 67 пратеници.

По примање на иницијативата, Вељаноски треба да свика координација за да се одреди составот на Комисијата за избори и именувања, како и дневниот ред на седницата.

Нема информации кога Вељаноски ќе оцени дека се создадени услови за продолжување на седницата на која треба да се избере нов претседател на Собранието. Се очекува новата пречка да биде составот на собраниската комисија за избори и именувања која треба да го даде името на новиот спикер.