Пет причини поради кои Погба сака да замине од „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба не отстапува од својата намера да го напушти Манчестер Јунајтед, а односот со Мурињо не е единствената причина за таквата одлука.

Постојат неколку причини, пред се големиот притисок во Премиер лигата и фактот што Погба не гледа дека клубот за брзо време може да се бори за најважните трофеи и да излезе од сенката на Манчестер Сити.

Втората причина е секако неговиот лош однос со Мурињо, за кој не сака да зборува, но не крие дека не е во добри односи со Португалецот.

Италијанските медиуми откриваат уште три причини поради кои Погба сака да се врати во Јувентус, па дури и по цена да прифати помала плата.

Првата причина е фактот што сите во клубот го обожаваат, има одличен однос со навивачите и е во постојан контакт со поранешните соиграчи.

Втората причина е Кристиано Роналдо. Погба верува дека во Јувентус нема да бидат сите рефлектори вперени во него, па со тоа ќе има поголема слобода да игра. Притоа, Јувентус во моментов има тим со кој е еден од фаворитите за освојување Лига на шампиони.

И секако, голема улога игра и неговиот менаџер Мино Раиола кој е во одлични односи со Јувентус и кој смета дека италијанскиот шампион во моментов е идеална средина за Погба.

„Случајот Погба“ е отворен, а се чини дека само прашање на време е кога Французинот ќе го напушти „Олд Трафорд“.